Апелацискиот суд ја намали казната на Кежаровски
15.01.2015 21:41
Обвинителството го гонеше, а Крвичниот суд го осуди за неовластено давање информации и податоци за сведоци...
Апелациониот суд Скопје ги намали казните затвор изречени во случајот „Ликвидација“. Новинарот Кежаровски наместо 4 ипол, доби 2 години затвор. Обвинителството го гонеше, а Крвичниот суд го осуди за неовластено давање информации и податоци за сведоци.
Овој случај предизвика бурни реакции во јавноста бидејќи станува збор за новинар осуден на затворска казна. Беше формиран иницијативен одбор слобода за Кежаровски а неговите активности добија поддршка од пошироката медиумска заедница и сите релевантни медиумски организации. Во негова одбрана застанаа и новинарските здруженија.
