Во Сопот угинале овци од засега неутврдени причини

15.01.2015 21:46

Од Агенцијата за храна и ветеринарство излегле на терен и утврдиле дека околу 140 грла овци од вкупно 900, сопственост на ист фармер угинале од засега непознати причини...

Сточарот Шериф Лимани од кумановското село Сопот пријавил дека му угинале 400 овци од засега мистериозна болест. Од Агенцијата за храна и ветеринарство излегле на терен и утврдиле дека околу 140 грла овци од вкупно 900, сопственост на ист фармер угинале од засега непознати причини.

Заради спречување на ширење на евентуална зараза, изречени се мерки за забрана за движење на стадото и чистење и дезинфекција на шталата, како и обврска на одгледувачот за редовно пријавување на угинатите животни до надлежното ветеринарно друштво.

Досега добиени се дел од резултатите oд лабораториските испитувања кои се негативни и кои елиминираат одредени болести како причинители.

Од ветернарната станица Куманово додаваат дека ја следат состојбата со здравјето на останатите овци од оваа стадо и дека се во постојан контакт со сопственикот Лимани.

Според проценките на фармерот, досегашната материјална штета е околу 40 илјади евра.

 

Габриела Димковиќ