Собранието ќе ја продолжи 31-та седница

16.01.2015 08:35

Во прво читање ќе бидат разгледани и измените на Законот за парнична постапка и на Законот за Народен правобранител...

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 31.седница на која ќе се расправа за Предлог законот за комплементарна и алтернативна медицина.
 
Во прво читање ќе бидат разгледани и измените на Законот за парнична постапка и на Законот за Народен правобранител. 
 
Пратениците ќе расправаат и за измените на неколку законски решенија по скратена постапка од областа на желеничката и патната инфраструктура.
 
На дневен ред на седницата е и Предлог одлуката за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, како и неколку автентични толкувања на членови од закони.