Франција

Уапсени десет лица поради поврзаност со терористите од Париз

16.01.2015 09:42

Уапсените, според судски извори, се поврзани со тројцата терористи кои минатата недела убија 17 лица...

Француската полиција во текот на минатата ноќ уапси дестина лица во парискиот регион, само една недела по терористичките напади во Франција.
 
Уапсените, според судски извори, се поврзани со тројцата терористи кои минатата недела убија 17 лица.
 
Тие ќе бидат сослушувани за нивната „можна логистичка поддршка“ на терористите, посебно во снабдувањето со оружје и обзбедувањето автомобили.
 
Полициски извори за француските медиуми потврдиле дека на осуммина од упасените лица веќе име е изречена мерка притвор.