„Самсон и Далила“ вечерва на сцената на МОБ
16.01.2015 10:00
„Самсон и Далила“ е во кореографија на гостинот од Хрватска, Роналд Савковиќ, додека во насловните улоги ќе настапат: Ивана Коцевска и Васил Чичијашвили (Грузија)...
Вечерва со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс.
„Самсон и Далила“ е во кореографија на гостинот од Хрватска, Роналд Савковиќ, додека во насловните улоги ќе настапат: Ивана Коцевска и Васил Чичијашвили (Грузија).
Во улогата на Крв e Мирјана Поп Алексова-Атанасовска, Месо ќе ја толкува Бобан Ковачевски, а Зло- Олга Панго.
„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.
