Среќно
Македонија на мундијалот има се што е потребно за успешен настап. Има прекрасна генерација ракометари подготвени да го дадат максимумот во одбраната на националниот дрес, има народ кој знае да застане зад своите миленици и од срце да ги подржи. Се што е сега потребно е и малку среќа...

Со натпреварот против Тунис, денеска од 15 часот, нашата најдобра ракометна репрезентација го почнува настапот на светското првенство во Катар.
Македонија на мундијалот има се што е потребно за успешен настап. Има прекрасна генерација ракометари подготвени да го дадат максимумот во одбраната на националниот дрес, има народ кој знае да застане зад своите миленици и од срце да ги подржи. Се што е сега потребно е и малку среќа.
Затоа, среќно момци, направете не уште еднаш горди на тоа што сме биле и секогаш ќе бидеме.
Посакуваме победа против Тунис. Најмоќната африканска селекција ни ја одзеде стартната радост на светското во Хрватска пред 6 години. Време е за израмнување на сметките, не за освета,туку за успешен старт, за вовед во серијата тешки натпревари во обид да се стигне што подалеку на првенството.
Нашите репрезентативци се подготвени. Минаа низ интензивен подготвителен период и како што велат едвај го чекаат стартот, да се намали притисокот, да се влезе во успешен континуитет.
Тунис е анализиран, шансите се поддеднакви,според Немања Прибак ќе решаваат нијанси и голема битка,на секој дел од теренот.
Во Лусаил арената во Доха натпреварот Македонија-Тунис ќе почне во 15 часот, половина час порано специјалната емисија на Македонската телевизија и преносот од дуелот што се надеваме ќе ни ја донесе првата мундијалска радост.
