Ракомет- СП Катар

На стартот без Димовски и Митревски

16.01.2015 10:38

Селекторот Обрван за натпреварот против Тунис шанса за настап на линијата од 6 метри ќе им даде на Стоилов и Никола Маркоски...

Меѓу 16-те ракометари со кои македонската ракометна репрезентација ќе го почне настапот на СП во Катар нема да бидат Ванчо Димовски и Никола Митревски. Селекторот Обрван за натпреварот против Тунис шанса за настап на линијата од 6 метри ќе им даде на Стоилов и Никола Маркоски,а на голот ќе менува со тандемот Ристовски и Ангелов.

На  светското првенство македонската селекција пристигна со 18 ракометари,а вообичаено во официјалниот записник за натпреварите место има за шеснаесет.