Алпско скијање

Фанкини слави во Кортина

16.01.2015 12:42

Фанкини, патеката долга 2660 метри ја мина за 1 минута 9 секунди и 53 стотинки...

Малку очекуван беше епилогот на женскиот спуст за Светскиот куп во Кортина Д,Ампецо.Победи Италијанката Елена Фанкини, а ниту една од големите фаворитки не успеа да постигна резултат за место на подиумот. Фанкини, патеката долга 2660 метри ја мина  за 1 минута 9 секунди и 53 стотинки.

Лариса Јуркив од Канада беше втора со 15 стотинки заостанување. Трета низ целта мина Германката Викторија Ребензбург со 31 стотинка послабо време. Од фаворитките, Австријката Ана Фенингер беше 5-та, Американката Линдзи Вон 10-та , а Словенката Тина Мазе 13-та!29 годишната Елена Фанкини втор пат во кариерата се искачи на победничкото место во натпреварите од Светскиот куп.

Првата победа ја постигна точно пред 10 години на спуст-патеката во канадскиот зимски центар Лејк Луис.После три години ова прв триумф на една италијанска скијачка.

По денешниот 4-ти спуст во сезоната, во генерален пласман води Тина Мазе со 877 бодови, пред Американката Микаела Шифрин со 605 и Австријката Фенингер со 532 бода. Утре на  истата патека за спуст во Кортина, скијачките ќе имаат нов брзински тест..