Нови законски решенија за граѓаните и компаниите

16.01.2015 12:57

Примената на голем број нови законски решенија стартува со почетокот на 2015 година. Издвојуваме само неколку од нив кои се од интерес за граѓаните и компаниите...

Од 1 јануари стапија на сила законите за задолжително плаќање социјални придонеси за хонорарите повиски од минималната плата.. Придонеси ќе плаќаат сите кои остваруваат повисок приход од минималната плата, која за 2015 година е утврдена на 9.590 денари.Од годинава ќе биде забранета регистрацијата за возилата кои испуштаат големо количество издувни гасови.Граѓаните запознаени со дел од новините

„Нормално е и треба така во сите земји во светот се плаќаат придонеси. Ми се допаѓа законот ќе се стави крај на работата на црно.“

„Слушнав за тие издувни гасови, само не знам дали треба да се уградуваат катализатори.“

„Пред некој ден ја регистрирав колата, поминав на технички прегледи и извршија контрола на издувните гасови“, велат граѓаните.

Со почетокот на Новата 2015 година стартува и обврската за поседување енергетски пасош, со кој се покажува дека градбата ги исполнува условите за енергетска ефикасност предвидени во Законот за енергетика.

Од областа на здравството, новина е што Фондот за здравство ги укина здравствените книшки, ќе се оди на лекар исклучиво со здравствена картичка.

„Имам здравствена картичка и со неа одам на лекар, но дали има уште некои измени не знам.“

„Имам и картичка и книшка кои ги носам и двете со мене“, додават граѓаните.

Од почетокот на оваа година стапуваат на сила и неколкуте измените на Законот за данокот на додадена вредност, Законот за управување со електрична и електронска опрема, задолжителна пререгистрација на земјоделците, а уште неколку други законски решенија се во собраниска процедура.

Од годинава се укинува антикризната мерка со која компаниите во последните пет години беа ослободени од плаќање данок на секоја добивка која не беше распределена како дивиденда.

 

Габриела Димковиќ