Во Турција продолжува чистката
Во Турција продолжува чистката во полицијата. Во текот на минатата ноќ во Анкара околу 350 полициски службеници се отстранети од функција. Од 17-ти декември, кога почна истрагата за корупиција во турските високи политички кругови, која ја зафати и владата, стотици полициски службеници се отпуштени или префрлени на други работни места. Уапсени се и многу бизнисмени поврзани со владата, како и синовите на тројца министри коишто пак потоа поднесоа оставки.
Во Турција продолжува чистката во полицијата. Во текот на минатата ноќ во Анкара околу 350 полициски службеници се отстранети од функција. Од 17-ти декември, кога почна истрагата за корупиција во турските високи политички кругови, која ја зафати и владата, стотици полициски службеници се отпуштени или префрлени на други работни места. Уапсени се и многу бизнисмени поврзани со владата, како и синовите на тројца министри коишто пак потоа поднесоа оставки. Во реконструкцијата на владата на Ердоган се сменети дури 10 членови на кабинетот.
