Велес: Нови инвестиции во инфраструктурата во 2015-та

16.01.2015 13:04

Велес е подготвен со издржани проекти да конкурира за добивање средства за рурален развој. Од програмата за оваа година се надева на над милион евра. Главен акцент ќе има изградбата на комуналната и на образовната инфраструктура...

20,7 милиони евра оваа година имаат на располагање Општините за реализирање  проекти со кои ќе се подобруваат условите за живот во руралните предели. За добивање  дел од овие средства, Општините треба да аплицираат со проекти со кои се подобрува инфраструктурната, водоводната и канализационата мрежа, енергетската ефикасност, изградба и реконструкција на општински објекти како што с е училишта, градинки, пазари и слично.

„Општина Велес во овој момент има во овој момент проекти за околу 500 илјади евра и ние уште во текот на утрешниот ден ќе ги почнеме подготовките за апликации за проектите во урбаните населени места во околината на Велес“, изјави Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.

Патот кон село Сливник, канализациона мрежа за селата Мамутчево и Оризари,  неофицијално се трите приоритетни проекти  кои Општината планира да ги реализира со 140-те илјади евра, неповратни средства што и следуваат за 2015 година, од оваа владина програма. Но, ова нема да бидат единствените пари со кои ке се реализираат локалани проекти, вели Чадиев.

„Ние веќе имаме 11 проекти во висина од еден милион и двеста илјади евра аплицирано во Министерството за транспорт и врски. Администрацијата е подготвена да аплицира со низа проекти“, рече Чадиев.

Од програмата за рурален развој во 2014 година, општина Велес реализира проекти во вредност од 13 милиони денари.

 

Дијана Иванова