Ефективна економско- политичка посета на Индија

16.01.2015 13:14

Индија е заинтересирана за вложување во енергетската инфрастуктура на Македонија, аграрот, градежната и прехранбената индустрија, туризмот и културата...

Плодна и ефективна економско- политичка посета на македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски на Индија. Со учеството на два економски самита, „Вибрант Гуџарат“ и „Партнерство  2015“, но и со средбите со индискиот домаќин, премиерот Нарендра Моди, и со премиери на индиските федерални држави, Македонија ги продлабочи пред сѐ економските односи со втората најбројна нација во светот.
 
Индија е заинтересирана за вложување во енергетската инфрастуктура на Македонија, аграрот, градежната и прехранбената индустрија, туризмот и културата.
 
На економските форуми и средбите со индиските политичари се премиерот Груевски и владината делегација ги претстави поволностите кои ги пружа Македонија како порта  на компаниите за европскиот пазар од 650 милиони потенцијални потрошувачи, како и привилегираните трошоци за водење бизнис во земјата.
 
Во настапите Груевски образложи дека во земјава постојано се работи на унапредување на патната и на железничката мрежа, вклучувајќи го и регионалното и магистралното поврзување.
 
Македонија и Индија веќе имаат потпишано договори за избегнување на двојно оданочување и за заштитата на инвестициите.