Македонија- кредибилен партнер на НАТО

16.01.2015 13:25

Земјата де- факто дејствува како членка на Алијансата, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски на свеченоста по повод завршувањето на мисијата ИСАФ...

Македонија во мисијата ИСАФ во Авганистан учествуваше од 2002-ра. За 12 години  учество доби признанија за обученоста и професионализмот  на македонските војници.

Земјата де- факто дејствува како членка на Алијансата, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски на свеченоста по повод завршувањето на мисијата ИСАФ.

Државата останува како дел од меѓународните сили и во новата мисија „Решителна поддршка“.