Новинарските здруженија бараат ослободување на Кежаровски

16.01.2015 13:28

Велат дека Апелација требаше да ја исправи грешката на Основниот суд и да ја поништи казната за новинарот Кежарвоски...

Новинарските здруженија бараат ослободителна пресуда за Томислав Кежаровски, а не намалување на казната.

Велат дека Апелација требаше да ја исправи грешката на Основниот суд и да ја поништи казната за новинарот Кежарвоски.

Сметаат дека затворската казна на новинарот е атак врз слободата на медиумите. За вторник закажаа протест пред Апелацискиот суд.