Пешевски: Брзата железница е од огромно значење за Македонија

16.01.2015 13:40

Како што се вели во соопштението, Република Македонија ја искажала заинтересираноста за овој проект, а воедно и двете страни изразиле согласност да биде изработена физибилити студија за трасата каде би минувала оваа пруга, како и цената на проектот...

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски се сретна со делегација на Владата на Народна Република Кина, предводена од заменикот министер за национален развој и Комисија за реформи Ксу Ксианпинг, заменикот генерален директор на Кинеската железничка корпорација, Хуанг Мин и потпретседателот на кинеската Ексим банка, Сун Пинг.

Била разгледана разработката на механизмите и методите за изградба на идната пруга која ќе го поврзува регионот од пристаништето во Пиреjа, Грција, па се до Будимпешта.

Како што се вели во соопштението, Република Македонија ја искажала заинтересираноста за овој проект, а воедно и двете страни изразиле согласност да биде изработена физибилити студија за трасата каде би минувала оваа пруга, како и цената на проектот.

Потоа ќе следи втората фаза од проектот, која ќе се однесува на утврдување на моделите за финансирање на овој проект.

Вицепремиерот Пешевски на состанокот нагласил  дека овој проект е од огромно значење за нашата држава, бидејќи со ова ќе се поттикне економски раст и развој, ќе се креираат голем број нови вработувања и ќе ја направи Република Македонија еден од главните транспортни коридори во Европа.