Воени игри: САД и Велика Британија ќе симулираат сајбер напади

16.01.2015 13:48

Во акцијата ќе учествуваат британската тајна служба МИ 5 и американското Федерално истражно биро, кое е под ингеренции на Министерството за правда...

САД и Велика Британија планираат воени игри во кои ќе симулираат заемни сајбер напади во рамките на програмата на заедничка одбрана од криминал преку интернет.

Првата вежба ќе биде симулација на напад на финансискиот сектор, а ќе се случи во текот на оваа година, најавија британски извори.

Во акцијата ќе учествуваат британската тајна служба МИ 5 и американското Федерално истражно биро, кое е под ингеренции на Министерството за правда.

Целта е да се унапреди протокот на информации меѓу САД и Велика Британија  за поуспешна елиминација на заканите.