Мерки за безбедност во Русија

07.01.2014 18:28

По двата самоубиствени напада во Волгоград, денеска во Русија стапија во сила мерки за безбедност без преседан во олимписката историја во пресрет на зимските олимписки игри во Сочи. Ќе се контролира влезот на сите автомобили во градот и ќе им биде забранет влезот на сите оние коишто немаат специјална дозвола за доаѓање. Олимпијадата ќе се одржува од 7-ми до 23-ти февруари, а безбедносните мерки ќе бидат во сила до 23 март, односно една недела по завршувањето на параолимписките игри.

По двата самоубиствени напада во Волгоград, денеска во Русија стапија во сила мерки за безбедност без преседан во олимписката историја во пресрет на зимските олимписки игри во Сочи. Ќе се контролира влезот на сите автомобили во градот и ќе им биде забранет влезот на сите оние коишто немаат специјална дозвола за доаѓање. Олимпијадата ќе се одржува од 7-ми до 23-ти февруари, а безбедносните мерки ќе бидат во сила до 23 март, односно една недела по завршувањето на параолимписките игри. 37 илјади полицајци и припадници на специјалните единици ќе ги обезбедуваат игрите, што е најголемото меѓународно случување организирано во Русија од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година.