Доњецк: Најмалку четворица загинати во последните гранатирања

16.01.2015 14:38

Киев почна воена акција со пошироки размери во Донбас на 15 април. Според податоците на ОН, во судирите во Украина досега загинале повеќе од 4.700 луѓе...

Најмалку четири лица загинаа, а шестмина се ранети во гранатирањето на Доњецк, на југоистокот на Украина извршено во текот на ноќта, а на интернет страницата на градските власти е напишано дека и денеска се слушаат повремени истрели.

Киев почна воена акција со пошироки размери во Донбас на 15 април. Според податоците на ОН, во судирите во Украина досега загинале повеќе од 4.700 луѓе.

Меѓу нив и 298-те патници членови на екипажот на малезискиот авион што се урна на 17 јули на истокот од земјата.