Во Холандија затворено училиште поради опасност од тероризам

16.01.2015 14:42

Директорот на училиштето рекол дека немало директни закани, но дека властите решиле да го затворат ...

Едно училиште во Амстердам денеска е затворено како мерка на претпазливост поради опасност од тероризам.

Директорот на училиштето рекол дека немало директни закани, но дека властите решиле да го затворат поради случувањата во соседна Белгија, каде што беа убиени двајца осомничени исламистички терористи во пресметка со полицијата.