Младите уметници ќе се едуцираат во странство со поддршка на Министерството за култура

16.01.2015 15:35

Од пријавените стипендисти во 2015-та година, Министерството за култура ќе поддржи триесетмина, кои своето образование ќе го продолжат на некој од најреномираните високо образовни институции како Сорбона во Париз, Бостонскиот конзерваториум во САД, Универзитетот во Невада, Лас Вегас...

Во последниве шест години 375 стипендисти се образовале на некои од престижните светски универзитети во областа на филмот, музиката, театарот, танцот, литературата. Многу од нив се вработија во некоја од нашите институции, а искуството што го стекнаа во светот, го пренесуваат кај нас.

„Секако тоа е една добра мерка која ја презема Министерството за култура за да можеме да ги завршиме магистерските студии кои сме ги одбрале, за да можеме да ги применеме стекнатите знаења кога ќе се вратиме тука“, вели Јасмина Мазгалиева, Универзитет за уметност Белград.

Од пријавените стипендисти во 2015-та година, Министерството за култура ќе поддржи триесетмина, кои своето образование ќе го продолжат на некој од најреномираните високо образовни институции како Сорбона во Париз, Бостонскиот конзерваториум во САД, Универзитетот во Невада, Лас Вегас.

„Министерството за култура својата поддршка ја обезбедува во текот на целокупниот процес на студирањето на стипендистите, без разлика дали станува збор за додипломски, постдипломски, докторски студии или специјализации во странство“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.

Најголем дел од стипендистите по завршувањето на студиите, се враќаат повторно во Македонија. Од Министерството за култура велат дека сите се активни како самостојни уметници, кои успешно ја промовираат и афирмираат нашата култура во светот, а дел од нив стекнатите искуства ги применуваат како вработени во установите од областа на културата.

Некои од некогашните стипендисти, а денес реномирани уметници се Ирена Паскали, Александар Ношпал, Ѓорѓи Цуцковски.

 

Александра Перевска