Поголема транспарентност: Следење во живо стручен испит во МВР

16.01.2015 16:16

Сите заинтересирани преку интернет страницата на Министерството, www.mvr.gov.mk и посебниот таб ќе може да го проследат денешниот испит...

Заради поголема транспарентност при спроведувањето на стручните испити кои се во надлежност на Министерството за внатрешни работи, од денес отпочнува реализација на проектот со кој се предвидува пренесување во живо на спроведување на теоретскиот дел на стручниот испит за проверка на техничко знаење за правилна употреба на оружјето и познавање на прописите за оружје за кандидати кои имаат намера да поднесат барање за набавување на оружје.

Законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето предвидува Стручниот испит да се состои од два дела и тоа:  теоретски дел со кој се проверува теоретско знаење на кандидатите и се полага по електронски пат со одговарање на определен број прашања во вид на електронски тест на компјутер, како и практичен дел со кој се проверуваат практичните способности на кандидатите се спроведува во овластеното правно лице кое го спровело практичното способување на кандидатот за ракување со оружје.

Сите заинтересирани преку интернет страницата на Министерството, www.mvr.gov.mk и посебниот таб ќе може да го проследат денешниот испит. Следењето во живо на стручниот испит на кандидатите ќе биде можно единствено преку деск топ компјутери, односно истиот нема да може да се следи преку мобилни телефони.