Нов полициски кадар

Македонската полиција засилена со 400 нови полициски службеници

16.01.2015 16:42

Од вас ќе зависи подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, обезбедувањето на границата, справувањето со илегалните мигранти, претпазливи и будни од терористички закани. Добредојде во полициското семејство им посака министерката Јанкулоска.

400 нови полицајци ја облекоа сината униформа. Завршија со обуките кои им го отворија патот за влог во безбедноста на луѓето. Велат дека се подготвени за предизвикот. Се обврзаа да ги почитуваат основните слободи и права на граѓаните и уредно ќе ја извршуваат полициската работа.

„Учевме од најдобрите и ќе се трудиме да станиме најдобри“, вели Сашо Житошански – полицаец.

„Успешноста никогаш не е случајна, а таа сега е во нашите раце“, додава Мирјана Ивановиќ – полицаец.

Од вас ќе зависи подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, обезбедувањето на границата, справувањето со илегалните мигранти, претпазливи и будни од терористички закани. Добредојде во полициското семејство им посака министерката  Јанкулоска.

„Од вас се очекува пожртвуваност и посветеност на работата. Од вас се очекува отвореност и одговорност. Од вас се очекува чесност и хуманост. Од вас се очекува професионалност и ефикасност“, нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Сите ги минаа обуките во јавен ред и мир, сообраќајна и обезбедување на државната граница.

„Обуката овде сигурно не ви ги откри сите тајни на идната професија – полицаец. Но, ве подготви да го очекувате невозможното и да се справите со истото“, потенцира Гоце Бачанов, помошник на министерот за внатрешни работи.

20 насто од новиот полициски кадар се жени, кој предничат со резултатите во своите тимови, а и етничката структура на оваа генерација го одразува етничкиот состав.

Македонската полиција го подмлади кадарот за 400 нови полициски службеници. Ја завршија 12 месечната обука, но нивното надоградување продолжува и понатаму.

Наташа Гркова- Петрушевска