Пратениците на ДПА го обвинија ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ направила повеќе за албанците
На собраниската седница денеска дебата за економски теми со акцент на железницата кон Бугарија...

Помина економскиот пакет закони во Собранието. Со 61 гласа за и еден против пратениците го изгласаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската Банка за обнова и развој по Договорот за заем за проектот „Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 1 и 2 - делница Куманово - Бељаковце“ и Бељаковце-Крива Паланка.
Ќе се реконструираат постоечките делови од линијата, во вкупна должина од 34 километри.
Елаборираше заменик министерот за финансии, Ардиан Џеладини. Пратеникот на ДПА Беким Фазлиу смета дека ДУИ е во сенка на ВМРО- ДПМНЕ и за разлика од него кој инвестира во проекти за македонските грагани, ДУИ не прави ништо за албанците.
За изградба на оваа делница Македонија ке добие 145 милиона евра од ЕБОР.
Лидија Чакар
