Настава наместо штрајк: Голем дел од градските татковци најавуваат редовна настава

16.01.2015 17:51

Наставниците и директорите ги увериле градоначалниците дека нема да има штрајк во основното и средното образование, бидејќи тоа е најдобро за сите. Нема да трпи образовниот процес, учениците, но и нивните родители...

Се е подготвено од вторник 20-ти јануари да започне второто полугодие со настава во основните и во средните училишта во земјава. Градоначалниците на Велес, Прилеп, Крива Палнака, Ресен, Неготино, Пробиштип, Берово, Демир Капија и Новаци на средба со диртекторите и наставниците од училиштата во овие општини констатираа дека штрајк ќе нема и оти наставата ќе се одвива без проблеми.

Наставниците и директорите ги увериле градоначалниците дека нема да има штрајк во основното и средното образование, бидејќи тоа е најдобро за сите. Нема да трпи образовниот процес, учениците, но и нивните родители.

Преку соопштение се огласија градоначалниците на Демир Капија, Пробиштип, Берово и Новаци.  

Барањата на СОНК не ги оправдуваме бидејќи се нереални. Покачувањето на платите од 25 проценти е лицемерие кон наставниците и тие се користат за лични интереси на раководството на СОНК. Штрајкот не го оправдуваме, пишува во општинските сооптенија.

Ваквите ставови на општинските власти на голем број градови и места од Македонија се најава дека учениците може да се подготвуваат за старт на второто полугодие.

 

Миле А. Ристевски