Ракометна еуфорија низ Македонија

16.01.2015 18:12

Ракометни фанови денеска во навивачка атмосфера го проследија првиот натпревар на нашите ракометари. Уште додека траеше играта најавуваа сигурна победа на Македонија...

Очите на целата македонска јавност се вперени кон Катар. Македонските ракометари со убедлив триумф над Тунис тргнаа да го остварат својот сон. Телевизорите се вклучени на првиот канал на Македонската телевизија. Јавниот сервис директно го пренесува првенството и сите натпревари на македонската репрезентација.

Ракометни фанови денеска во навивачка атмосфера го проследија првиот натпревар на нашите ракометари. Уште додека траеше играта најавуваа сигурна победа на Македонија.

Се вжештува атмосферата низ скопските кафулиња.

„Најмлаку второ место... Да стигнеме до полуфинале... Се надевам дека ќе постигнеме некој добар резултат... Јас би сакал да сум таму, ама кога не сум се надевам дека ќе имам време да ги следам сите натпревари...“, велат граѓаните на Скопје кои ги анкетиравме.

Ракометна еуфорија ја зафати и цела Македонија.

Македонската ракометна репрезентација утре го игра вториот меч од овој мундијал, а за противник во 17 часот ќе го има Иран, кој важи за аутсајдер во нашата група. Следуваат денови во кои ракометот има потенцијал да стане поважна работа од сѐ друго.