Иранска пречка на патот кон нокаут-фазата
По вчерашниот речиси беспрекорен настап и уверливиот триумф над Тунис, само навидум опуштен дуел со ривалот, којшто важи за аутсајдер. И создаде многу главоболки на Босна и Херцеговина, и иако загуби, испрати предупредување до конкурентите...

Првата мундијалска сабота е порелаксирана во споредба со вчерашниот турбо ден во којшто на трите арени во Доха беа одиграни по четири меча. Денеска само шест средби на првенството, од групите „A“ и „Б “. Погледите нам ни се вперени кон Ал Сад, борилиштето најблиску до центарот на престолнината. Од 17 часот, Македонија-Иран.
По вчерашниот речиси беспрекорен настап и уверливиот триумф над Тунис, само навидум опуштен дуел со ривалот, којшто важи за аутсајдер. И создаде многу главоболки на Босна и Херцеговина, и иако загуби, испрати предупредување до конкурентите коишто однапред впишале бодови. Од нашиот репрезентативен табор стигнаа смирувачки тонови со предупредување за денешната средба уште веднаш по стартниот триумф, што значи дека армадата којашто го прегази иран е психолошки подготвена и за овој двобој. А два од два по првите два меча во Доха и пред слободниот ден, ќе бидат полн погодок којшто отвора реална можност за остварување на убавите перспективи и за реализација на амбициите за највисок дострел досега.
Истовремено со мечот на Македонија, Хрватска ќе има намера да ја поправи за нијанса побледата слика којашто ја покажа на вчерашниот тесен триумф над Австрија. И следува судир со Тунис, погоден ривал за нов успех, што пак африканскиот тим би можел значително да се оддалечи од нокаут-фазата. Од 17 часот силите ќе ги одмерат селекциите коишто вчера беа поразени. Во жесток дуел или Австрија или Босна и Херцеговина ќе сака да го одржи чекорот со врвот во групата „Б“.
Во групата „А“, светскиот првак Шпанија пред релативно лесна пречка, Бразил. Се освен втор триумф на „фуријата“ ќе биде првокласна сензација, иако против Белорусија вчера не и одеше се така мазно. Белорусите ќе и се испречат на Словенија, четвртопласираната од пред две години, којашто лесно се справи со Чиле. Јужноамериканскиот аутсајдер, објективно залутан на првенството, ќе биде вечерва спаринг-партнер на домаќинот Катар.
Значи, од 17 часот на првиот програмски сервис на Македонската Телевизија, во живо пренос Македонија-Иран.
