Ракомет- СП Катар

Подготвени за нов триумф

17.01.2015 12:16

Кај нашите ракометари ден по триумфот над Тунис се чувствува мало емотивно и физичко празнење и според планот на Обрван денеска би требало поголема минутажа да добијат оние што помалку играа против Тунис...

„Се освен наша победа би било изненадување,ги опоменав играчите дека треба да го заборават натпреварот со Тунис и комплетно да се концентрираме на дуелот со Иран“- оптимистички изјавува селекторот на нашата најдобра ракометна селекција Ивица Обрван пред денешниот втор настап на светското првенство во Катар.

Според него селекцијата на Иран нема квалитетни играчи, во изминатиот период често менуваше и постава и тренери, па за анализа на нивната игра ќе послужи натпреварот што го загубија од Босна.

Кај нашите ракометари ден по триумфот над Тунис се чувствува мало емотивно и физичко празнење и според планот на Обрван денеска би требало поголема минутажа да добијат оние што помалку играа против Тунис.

Сепак, речиси никој не се сомнева во нова победа, исклучително значајна пред еден од најважните натпревари во групата против селекцијата на Босна и Херцеговина.