Ракомет- СП Катар
Агресивно од почеток
17.01.2015 12:18
Според Манасков, Иран покажал одреден квалитет во првото полувреме против Босна...

„Заслужено победивме против Тунис,за Иран мислам дека се помалку квалитетни,но не смееме да ги потцениме. Треба да направиме солидна разлика уште на стартот на натпреварот за потоа да можеме да се чуваме и да калкулираме со силите за другите натпревари“-вели според изборот на ИХФ најдобриот играч на натпреварот против Тунис, Дејан Манасков во пресрет на денешниот втор настап на нашата ракометна селекција на светското во Катар.
Според Манасков, Иран покажал одреден квалитет во првото полувреме против Босна,но сепак се надева на лесна задача и нова победа на нашата репрезентација.
