Проблеми со термините
Тој смета дека е подобро играчите да се одморат,отколку да станат во 7 часот и веднаш да заминат на утрински тренинг...

На денот на натпреварот против Иран, нашата селекција од организаторот на светското првенство за тренинг го добила терминот во 9 часот, што според селекторот Обрван било неприфатливо по синоќешниот дуел со Тунис. Тој смета дека е подобро играчите да се одморат,отколку да станат во 7 часот и веднаш да заминат на утрински тренинг.
„Но, кога станува збор за големи манифестации секогаш е така, термините од 1 час за тренинг се можеби и доволни, а нам не ни одговараше рано закажаниот тренинг. Сепак треба да знаеме дека првенството се игра во 1 град и тука се сите 24 репрезентации,па е тешко да се најде идеален распоред за сите“-изјави селекторот Ивица Обрван на денешниот брифинг пред средбата со Иран.
