Половина милион македонци слават Божиќ во САД

07.01.2014 18:42

Над 450 илјади Македонци по потекло во Соединетите Американски држави ги прославуваат Бадник и Божиќ со истите обичаи како и во родната земја. Секоја Бадникова вечера има погача со паричка, сарма, посно гравче, костени, салати и бадниково гранче. 

Изјава отец Васил Манасиев- Свети Климент Охридски во Кливленд, Охајо

„За Божиќ си ги празнуваме исто како и во Македонија сите обичаи и традиции, покрај редовната света божиќна литургија. Имаме Бадник којшто навечер си го прославуваме со истите обичаи и традиции како и во Македонија. Исто така и втор ден Божиќ и трет ден Божиќ односно Свети Архиѓакон Стефан. Кога е Божиќ во работен ден, богослужбите се помалку посетени бидејќи овде е Америка, но задоволително е.„

На Божиќ многу деца од Македонско потекло со своите родители одат на Божиќната Света литургија во храмовите на Македонската Православна Црква во Америка. На денот на Христовото раѓање-Божиќ, Македонците се поздравуваат со Христос се роди, навистина се роди!

„Во сите храмови на Македонската Православна Црква во Америка се прославува Божиќ.

Христос се роди!