Ракомет- СП Катар

Стоилов: Покажавме зрелост и квалитет

17.01.2015 14:45

Нашиот храбар пикер повторно со лавовски придонес на теренот во седмата победа на 17-от настап на Македонија на ракометните Мундијали...

Стојанче Стоилов заедно со Дејан Манасков и со Гоце Ѓорѓиевски на мечот со Тунис имаше максимален ефект на крајот. Постигна три гола и ја доби битката со африканските дефанзивци – разурнувачи на линијата од шест метри. Нашиот храбар пикер повторно со лавовски придонес на теренот во седмата победа на 17-от настап на Македонија на ракометните Мундијали.
 
„Пресреќен сум по првата победа на овој шампионат која ќе има големо влијание врз зголемување на самодовербата. Посакувам да продолжиме во овој ритам и на другите дуели. На овој функциониравме беспрекорно и во нападот и во одбраната а особено е значајно што по неколкуте кризни периоди покажавме зрелост и квалитет, заигравме уште подобро и ја вративме потребната предност за мирен финиш“, изјави Стоилов на прес конференцијата по победата над Тунис.