Македонија – NON EUROPEAN 6:4
Ракометната селекција на Македонија на досегашните четири учества на Светските првенства, вклучувајки го мечот со Тунис вчера, има одиграно 10 натпревари. Билансот е позитивен со 6 победи и 4 порази, три од нив доживеани на првото учество на Мундијалите во Египет 1999-та. Таму на 19 годишна возраст дебитираше актуелниот капитен Кирил Лазаров...

Ракометната селекција на Македонија на досегашните четири учества на Светските првенства, вклучувајки го мечот со Тунис вчера, има одиграно 10 натпревари. Билансот е позитивен со 6 победи и 4 порази, три од нив доживеани на првото учество на Мундијалите во Египет 1999-та. Таму на 19 годишна возраст дебитираше актуелниот капитен Кирил Лазаров.
Селекцијата предводена од Стевче Стефановски застана на 18-та позиција, а во групата во Каиро на стартот ја порази Саудиска Арабија (28-21) и до крајот ги загуби сите четири двобои против Германија (36-25), Куба (32-18), Бразил (30-27) и мечот со домаќинот Египет (30-24).
Десет години подоцна на Светското првенство во Хрватска Илија Темелковски ја предводеше од клупата репрезентацијата која беше поразена во првиот двобој со Тунис (25-24) а потоа со три победи над Алжир (32-19), Полска (30-29) и Русија (36-30) и пораз од Германија (33-23), обезбеди три меча во главната фаза. Во Задар загубивме од Норвешка (29-27), Данска (32-24) и од Србија (32-28) а триуимфот над Јужна Кореа од 32-31 не смести на 11-то место на крајот од Мундијалот.
Во Шпанија пред две години исто така влеговме на Мундијалот против неевропска селекција но со победа над Чиле (30-28), па го победивме Катар со 34-30. Следуваше пораз од Исланд 23-19, реми со Русија 29-29 и пораз од Данска 33-30.
Во осминафиналето не елиминираше Германија со 28-23 што значеше дека во вкупниот пласман Македонија беше на крајот на 14-то место.
И досието СП Катар 2015 нашите најдобри ракометари го отворија против селекција која не е европска. Тунис доби реванш и тоа со камата за поразот во Вараждин 2009-та. На ред е денеска Иран кој по вчерашната супериорна игра против Тунижаните, треба да биде наша седма неевропска жртва на Планетарните самити.
