Зголемување на социјалните надоместоци во јули, на пензиите во октомври

17.01.2015 16:33

Од 2006 година до сега пензиите во државата се зголемени просечно за 62 проценти

Зголемувањето на пензиите и на социјалните додатоци за пет проценти предвидени за 2015 година ќе се реализира согласно планот на Владата, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
 
Планот согласно подготвениот и усвоен буџет е во октомври да дојде до зголемување на пензиите, значи за пензионерите кога ќе ја земат пензијата во октомври да биде зголемена, а во месец јули да бидат зголемени социјалните надоместоци. Станува збро за 2015, како што имаме и ветено практично, изјави премиерот Груевски по промоцијата на новонабавена медицинска опрема во Клиниката „Свети Наум Охридски“.
 
Од 2006 година до сега пензиите во државата се зголемени просечно за 62 проценти, а најмалите просечно за 76 отсто. Социјалните надоместоци, пак, за истиот период се зголемени за 47 проценти.