Селото Косово кај Македонски Брод- пример за раст на наталитетот
На три километри од регионалниот пат во Поречието се наоѓа Косово, но не нашиот северен сосед, туку селото Косово во општина Македонски Брод, со доста карактеристично име, кој ретко кој го знае...

До него стигнавме со теренско возило, затоа што патот е многу лош. Освен по своето име, ова село е карактеристично што е едно од ретките планински села каде се зголемува наталитетот. Скоро сите млади се во брак и имаат по 2-3 дечиња. Наталитетот започнал да се зголемува кога ергените од Косово, си нашле невести од Албанија. Таков е случајот и со Боге Мицкоски, кој сега има три деца. Вели овој пример треба да го следат и другите села.
„Им препорачуваме и тие да одат во Албанија или по другите држави и да си најдат невеста. Девојките од таму сакаат да дојдат тука, само тие треба да појдат таму и да ги земат“, вели Боге Мицкоски, жител на с. Косово.
Рената Каранфилоска тука дошла од е од Свети Николе, и сега заедно со сопругот Дејан имаат три деца.
„Воопшто не ми пречи тоа што сум дојдена во село. Подобро е да се живее во село отколку во град, затоа што тука има повеќе услови за работа, земјоделие, сточарство, а во градот нема ништо“, рече Рената Каранфилоска, жител на с. Косово
Жителите на Косово велат дека децата се најголемото богатство.
„Тоа ја прави среќата, потомството, и парите и се останато се печали, но семејството треба да биде пред се“, кажа Цуте Трајкоски, жител на с. Косово.
„Имаме во селото уште три ергени и сега се трудиме и нив да ги ожениме и тие да формираат свое семејство“, вели Горан Анѓелковски, жител на с. Косово.
„Некои ергени се плашат, некои велат дека немаат пари, а за добар брак јас сметам дека парите воопшто не треба да играат улога“, кажа Дејан Каранфилоски, жител на с. Косово.
Поради зголемениот број на деца општината после 20 години го рестартира и реновира училиштето. Досега децата учеле во друго село. Општината го помага зголемувањето на наталитетот и со други мерки.
„Финаниска поддршка им даваме за патувањата до Албанија, за свадбите, тоа имаме донесено одлука на Совет, и тие немаат никакви трошоци се до доаѓањето на невестите во нивните домови“, изјави Милосим Војнески, градоначалник на М. Брод.
Практично на ергените се им е платено, само да си најдат невеста.
Дарко Штаргоски
