Двојно кумство за Водици во Охрид

17.01.2015 17:17

Со примопредавање на кумството на новите кумови, музичката мегазвезда, Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески во Охрид започнаа Богојавленските празнувања. Според најавите на фрлањето на светиот крст во езерото ќе присуствуваат околу триесет илјади верници од Охрид, земјата и странство...

Балканската музичка звезда,Жељко Јоксимовиќ и македонскиот бизнисмен,Зоран Милески и официјално се кумови на најголемата црковно-народна манифестација во земјата Богојавление-Водици,што се одржува во Охрид.Примопредавањето на кумството по традиција беше извршено со свечена литургија во црквата Свети Никола Геракомија.Јоксимовиќ,како што рече е воодушевен од начинот на кој овде се одбележува Водици,поради што смета дека манифестацијата треба да прерасне во меѓународна,за повеќе луѓе да видат како овде народот го негува христовото име и вистинските вредности.Се повеќе се чуствувам како охриѓанец,рече тој.

„По оваа света литургија секако дека повеќе се чуствувам како охриѓанец.Вчера кога доаѓав имав една ситуација кога на едно место пишуваше дека тука можат да поминат само македонци.Пријдов и прашав дали и јас можам да поминам.Ми рекоа,куме како не може,ти си наш.Тоа е една добра анегдота и мило ми е поради тоа“, изјави Жељко Јоксимовиќ-кум за Водици.

„На сите верници од православна вероисповест им го честитам празникот и им посакувам многу здравје и среќа,нив и на нивните семејства“, рече Зоран Милески-кум за Водици.

Новите кумови честитка добија од досегашниот кум,градоначалникот на Охрид,Никола Бакрачески.

 

Сашо Нелоски