Настава наместо штрајк: Членови на СОНК од цела Македонија му откажуваат поддршка на раководството
На овој начин велат членовите на СОНК, раководството сака да си ги задржи челните позиции. Не успеа досега да ни помогне и затоа ја изгуби нашата доверба велат тие...

Штрајкот нема да биде на агендата на наставниците од внатрешноста. Продолжува раздорот во Синдикатот за образование и наука. Членови на СОНК од цела Македонија му откажуваат поддршка на претседателот Јаким Неделков, затоа што сметаат дека води лична, а не битка за наставниците.
На овој начин велат членовите на СОНК, раководството сака да си ги задржи челните позиции. Не успеа досега да ни помогне и затоа ја изгуби нашата доверба велат тие. Порачуваат дека штрајкот е во функција на личната промоција на Јаким Неделков и Дојчин Цветановски.
За неединството во синдикатот говорат, наставниците членовите од Велес, Ресен и Охрид. Тие ја отфрлаат одлуката за штрајк. Професорите во Ресен сметаат дека штрајкот е за исполнување на тесните интереси на претседателството на СОНК на чело со Јаким Неделков, велат во вторник настава ќе има.
Нема да се штрајкува ниту во Дојран и Пехчево. Оттаму информираат дека се е подготвено за стартот на второто полугодие.
Викторија Тодоровска
