Нечистите оџаци- опасност од пожар во зима
Пожарите не се опасност само во летните месеци. Можат да предизвикаат штети и во зима, особено ако навреме не сте ги исчистиле оџаците. Во Струмица, инспекцијата редовно врши контроли, а казните се движат од илјада до 5 илјади евра...

Запалените оџаци најголем проблем на струмичани. Пожарникарите во повеќе од половината интервенции гасат ваков вид на пожари. Само минатата недела тринаесетпати излегле на терен, од нив осум случаи биле поврзани со пожари на оџаци во индивидуални куќи, но и во колективни згради.
Граѓаните велат дека ја одржуваат чистотата на оџаците.
Инспекторите од Дирекцијата за заштита и спасување, периодов спроведле над 40 вонредни контроли, а на годишно ниво се прават и над 200 редовни контроли. Во 90 % од случаите состојбата била добра.
Kaзните за неисчистени оџаци се движат од 1.000 до 2.000 евра за физички и од 2.000 до 5.000 евра за правни лица.
Катерина Давчева
