Во повеќе општини во вторник нема да се штрајкува
Учениците не смеат да трпат последици, велат градоначалниците...

Нови 10 општини потврдија дека во вторник нема да има штрајк во нивните училишта. По разговорите со наставниците и директорите, градоначалниците уверуваат дека училиштата се подготвени за новото полугодие и дека наставата ќе се одвива редовно, затоа што, како што велат, тоа е од интерес и на учениците и на родителите.
Ниту наставниот кадар од Валандово не го поддржува штрајкот и во вторник ќе дојде на работа. Учениците не смеат да трпат последици, вели градоначалникот.
Штрајк нема да има ни во Кривогаштани.
Градоначалници на други десет општини веќе потврдија дека во вторник наставата ќе стартува. Почетокот на второто полугодие нема да се одложи, ниту во Дојран, Пехчево, Каменица, Делчево и Василево.
Градоначалниците на овие општини веќе разговарале со наставниците и директорите од каде добиле потврда дека се е подготвено за стартот на второто полугодие.
Анита Димитријевска
