По 70 години, повторно фрлање на крст за Водици во Гостивар
17.01.2015 18:50
Иницијативата ја дадоа седуммина гостиварци кои се убедени дека тоа ќе стане вечна традиција...

По речиси седум децении пауза,православните верници од првиот град на Вардар-Гостивар, повторно ќе го одбележат големиот христијански празник Богојавление- Водици.
Иницијативата ја дадоа седуммина гостиварци кои се убедени дека тоа ќе стане вечна традиција.
Според сеќавањата некаде во четириесеттите години на минатиот век, на Богојавление- Водици фрлениот метален крст не бил најден во водите на реката вардар,и од тогаш до минатата година Гостивар немаше градски крст за водици.
Митрополитот тетовско- гостиварски господинот Јосиф даде благослов за оваа благородна иницијатива.
Во понеделник на празникот по службите и литургиите во соборниот храм посветен на Пресветата богородица, ќе се формира литија која ќе тргне од градскиот плоштад низ гостиварските улици потоа преку кејот на реката Вардар се до пешачкиот мост кој го поврзува градскиот парк.
Од овој мост точно напладне на Водици митрополитот тетовско- гостиварски, господинот Јосиф ќе ги освети водите на реката Вардар и ќе го фрли светиот крст по кој ќе скокаат педесетина пријавени гостиварци.
Емил Јованоски
