Куманово - град на дивоградби
Со цел граѓаните да го решат долгогодишен проблем со нелегално изградените обкјелти,Владата на Република Македонија го реализира проект за легализација на дивоградбите кој ќе трае до декември 2015 година. Граѓаните кои ја користеле можноста , задоволни што имаат можност да си ги легализираат куќите...

Околу 9.000 предмети за легализација на дивоградбите пристигнати се во Секторот за урбанизам, а целосно завршени се 4.000. Уште 10.000 геодетски елаборати се очекуваат да пристигнат до Општината до крајот на 2015-тата и отаму апелираат да ги запазат роковите, затоа што процедурата е сложена и бара време за обработка на податоците.
„Околу 2.000 барања чекаат на Одлука на Совет, дали ќе бидат легализирани или не.До декември 2015 година, секторот ќе прима елаборати , а потоа повеќе не и ќе се работат само оние кои што се комплетни“, информира Лидија Ланг Спасовска, раководител на секторот за урбанизам при Општина Куманово.
Најголем дел од бесправно изградените објекти се во населбата Иго Тричковиќ, Карпош, Перо Чичо, Тоде Мендол како и Средорек и Бавчи. Социјално ранливите категоирии пак можеа да поднесат барање до катастар и да им се изработи бесплатен геодетски елаборат.
„Поднесено легализирано се е во ред, Брзо се заврши целата постапка,неполн месец се беше комлетно... Немам проблем јас, моето се на време легализирано... Се имам поднесено каде што треба , сите потребни документи , се надевам дека позивитно ќе се зарвши...“, велат граѓаните кои ја користеле можноста за легализација на бесправно изградените куќи.
Проектот за легализација на дивоградбите го реализира Владата со цел граѓаните да го решат овој долгогодишен проблем. На ниво на државата поднесени се вкупно 350.000 барања, а обработени се околу 160 илјади.
Габриела Димковиќ
