Само победа и ништо друго!
Цел на аеродромци е славеничката атмосфера од Унгарија конечно да ја претворат во два врзани триумфа и да се израмнат со Крка...
По гостинската победа на гости против Солнок, кошаркарите на МЗТ Скопје имаа време да се одморат и да се подготват за дуелот од 18-то коло од АБА лигата дома против Крка.
Цел на аеродромци е славеничката атмосфера од Унгарија конечно да ја претворат во два врзани триумфа и да се израмнат со Крка којашто во моментов има победа повеќе или вкуно седум. Словенците предводени од македонскиот селектор Џикиќ играат променливо и без разлика што во првиот меѓусебен дуел славеа убедливо со 33 разлика, не се непобедливи. МЗТ има позитивен биланс - 3:2 и никогаш не загубил во дуелите во Скопје. Преносот од Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 21 часот.
