Кошарка – НБА

Атланта и Антиќ, несовладливи!

17.01.2015 19:03

Хоукс триумфираа на гости со 110:89, Перо Антиќ постигна три поени. Атланта е во серија од 11 победи...

Одличната форма и високиот квалитет Атланта го потврди во директниот дуел со конкурентот за првата позиција во Источната НБА конференција, Торонто. Хоукс триумфираа на гости со 110:89, Перо Антиќ постигна три поени. Атланта е во серија од 11 победи, 23 во последните 25 меча и вкупно со 32 триумфа и со само осум порази има втор ефект во лигата.

Најдобрата и најефикасната екипа, Голден Стејт загуби во шутерското шоу кај Оклахома со 127:115, благодарение најмногу на 17-те поени, исто толку асистенции и 15-те скока на Расел Вестбрук. За Вориорс коишто имаат 31 победа, ова беше шести пораз.

Во другите натпревари: Феникс – Минесота 110:99, Орландо – Мемфис 96:106, Индијана – Детроит 96:98, Филаделфија – Њу Орлеанс 96:81, Вашингтон – Бруклин 80:102, Бостон – Чикаго 103:119, Далас – Денвер 97:89, Сан Антонио – Портланд 110:96, Јута – Лејкерс 94:85, Сакраменто – Мајами 83:95, Клиперс – Кливленд 121:126.