Скијање – Светски куп

Нојројтер лидер во слалом!

17.01.2015 19:05

Снежните врнежи пак, не му пречеа на германскиот скијач Феликс Нојројтер да ја оствари втората победа...

Невремето не дозволи да се одржи вториот планиран спуст во женска конкуренција во италијанскиот скијачки центар, Кортина Дампецо. Ако постојат услови ќе се одржи утре.

Снежните врнежи пак, не му пречеа на германскиот скијач Феликс Нојројтер да ја оствари втората победа сезонава и тоа на слаломот во швајцарски Венген и да ја презеде лидерската позиција во најтехничката дисциплина.

Иако по првата трка беше петти, Нојројтер за 11 триумф во кариерата, деветти во слалом имаше 20 стотинки подобро време од Италијанецот Стефано Грос и 44 во однос на Норвежанецот Хенрик Кристоферсен

Бидејќи Марсел Хиршер не ја заврши трката, Нојројтер сега е прв со предност од 49 бода, но Австриецот остана лидер во Светскиот куп со 212 бода повеќе од Норвежанецот Кјетил Јансруд.