Втора победа!
Нашиот национален состав не успеа рано да се одлепи против дебитантот на мундијалите. Селекторот Ивица Обрван ги одмораше најдобрите, а Иран тоа го искористи и долго се одржуваше во натпреварот...

Македонските ракометари очекувано го совладаа Иран во второто коло на Светското првенство во Катар. Резултатски неубедливо, 33-31, но сепак, ја остварија целта и со стопроцентен биланс ќе ги дочекаат натпреварите коишто ќе решаваат за висок пласман во групата „Бе“.
Нашиот национален состав не успеа рано да се одлепи против дебитантот на мундијалите. Селекторот Ивица Обрван ги одмораше најдобрите, а Иран тоа го искористи и долго се одржуваше во натпреварот. Дури и двапати водеше со по два гола во првото полувреме. Во него Македонија позитива од 19-17.
Во 21-та минута на теренот влезе Кире Лазаров, а минутажа добија и Миркуловски и Наумче Мојсовски, како и Ристовски, по што Македија полека го презеде водството и го затвори натпреварот. Капитенот Лзаров постигна девет гола, пет од енал, пет даде Прибак, сите во првото полувреме и без промашување, а четири погодока постигна реёервистот Недановски. Вугринец, Стоилов и Георгиевски го завршија мечот со по три гола, а Ристовски и Ангелов забележаа по седум интервенции.
На крајот Македонија – Иран 33-31 и втора победа за нашите пред дуелот со Босна и Херцеговина в понеделник од 17 часот. Тогаш ќе биде и преносот на првиот канал на МТВ, а половина час порано емисијата посветена на Сп во катар.
