Второто коло ја најавува можната разврска
Македонија има две победи, а во нашата конкуренција единствена со таков ефект е селекцијата на Хрватска која важи за главен фаворит за челната позиција...

Мундијалот се уште е во почетна фаза, за сите. Ракометарите ја бараат посакуваната форма, домаќинот се обидува да ги надополни бројните пропусти. Досегашните осумнаесет натпревари не можат да бидат гаранција дека репрезентациите ќе ги остварат плановите во групната фаза, но сепак се првичен показател. Второто коло заврши во групите „А“ и „Бе“.
Македонија има две победи, а во нашата конкуренција единствена со таков ефект е селекцијата на Хрватска која важи за главен фаворит за челната позиција. Во групата „А“ со максимален ефкет досега се светскиот првак Шпанија, Словенија и домаќинот Катар. Според сите параметри, најверојатно тие ќе бидат осминафиналисти на турнирот, а Бразил и Белорусија ќе се борат за четвртото место коешто исто така води во нокаут сегментот.
***
Група „А“, 2.коло
Катар – Чиле 27-20
Словенија – Белорусија 34-29
Шпанија – Бразил 29-27
Табела: Словенија 4, Катар 4, Шпанија 4, Бразил 0, Белорусија 0, Чиле 0
***
Група „Бе“, 2.коло
Македонија – Иран 33-31
Хрватска – Тунис 28-25
Австрија – БиХ 23-21
Табела: Македонија 4, Хрватска 4, Австрија 2, БиХ 2, Иран 0, Тунис 0
