СП Катар 2015

Мундијалско досие 4: Германија – Русија (дерби)

18.01.2015 09:52

По воведните две победи против Тунис и Иран, нашата репрезентација денеска ќе одмора пред утрешното соочување со Босна и Херцеговина...

И денешниот, четврти ден на СП во ракомет во Катар содржи шест натпревари со коишто ќе заврши второто коло од групната фаза. По воведните две победи против Тунис и Иран, нашата репрезентација денеска ќе одмора пред утрешното соочување со Босна и Херцеговина. Затоа најголемиот дел од погледите ќе бидат свртени кон дербито меѓу Германија и Русија коешто ќе го гледате на првиот канал на Македонската телевизија од 17 часот, во рамки на емисијата посветена на Мундијалот (16.30). Германците и Русите почнаа со триумфи на шампионатот, па преку меѓусебниот дуел можат да заработат значајни бодови за пласман во осминафиналето, но од што подобра позиција во групата.

Европскиот првак Франција ќе игра со Египет, Чешка и Шведска ќе се соочат за бодови против директен ривал за елиминацисккиот дел, а откако ја изненади Данска со реми во првото коло, Аргентина ќе се обиде да ја намачи и Полска.  

***

Група „Це“, 2.коло

Исланд – Алжир

Чешка – Шведска

Египет – Франција

Табела: Египет 2, Шведска 2, Франција 2, Чешка 0, Исланд 0, Алжир 0

***

Група „Де“, 2.коло

Аргентина – Полска

Германија – Русија (МТВ 1, 17.00)

С.Арабија – Данска

Табела: Русија 2, Германија 2, Данска 1, Аргентина 1, Полска 0, С.Арабија 0