СП Катар 2015

Борко сака подобро!

18.01.2015 13:08

„Иран играше добро. Трчаа и шутираа и имаа ефективна одбрана. Ние не бевме на потребното ниво, но значајно е што ги добивме двата меча досега“, заклучи Ристивски кој бранеше во второто полувреме...

Покрај капитенот Кире Лазаров, и голманот Борко Ристовски беше лут за играта на македонската репрезентација во натпреварот со Иран. И покрај остварената втора победа на Светското првенство, Ристовски не беше задоволен затоа што Македонија не успеа порано да го скрши отпорот на мундијалскиот дебитант.

„Иран играше добро. Трчаа и шутираа и имаа ефективна одбрана. Ние не бевме на потребното ниво, но значајно е што ги добивме двата меча досега“, заклучи Ристивски кој бранеше во второто полувреме. Првото беше резервирано за Петар Ангелов, а двајцата запишаа по седум одбрани.

„Стручниот штаб ќе направи анализа дали треба да калкулираме со силите или да играме максимално. Сите одговори ќе ги добиеме на крајот на шампионатот“, категоричен е Ристовски.

Од друга страна, пак, Иранците добија самодоверба во натпреварот со нас што се забележуваше и во нивните изјави. Левиот бек Мохамадреза Ражаби рече дека играле против сеекција што вообичаено е дел од олимпијадите и од светските првенства.

„Разликата во квалитет и во реномето не се гледаше на теренот во Ал Сад. Бевме блиску до победа и штета е што не ја оствраривме. Можеме да бидеме горди“, смета Ражаби.