Бадникова вечер во Тетово

08.01.2014 09:38

По посниот смеен ручек и одењето в црква, тетовци се собираат покрај бадникарскиот оган кој гори речиси во секое маало.

Додека возрасните ја подготвуваат посната закуска, младите се маскираат во различни ликови и одат од врата на врата пеејќи бадникарски песни.

„Кој што спие, нека стане, нека меси колачиња, ако нема колачиња, нека даде се што има, б`дња баба!“ Ова е дел од текстот на тетовската бадникарска песна што ни ја испеаја дечињата.

Некогаш се маскирале само помладите, но денес сите се под маски, дефилираат по улиците, покрај огновите, на забавите во кафулињата.

„Маската ја правев цел ден, ми помогна мајка ми“.

„Јас сум преправен во стрико“.

„Јас сум преправен во Леброн Џејмс, во кошаркар“, велат тетовци.

Во секое маало се благословуваат трпезата, огнот и бадниковите гранчиња, а се избираат и кумови за следната година.

„Се пали бадниковиот оган, се осветуваат трпезата и бадниковото дрвце“, рече Зоран Кироски.

„Потоа следува прославата и сите се маскираме“, вели Слаѓана Михајлова.

Некогаш тетовските улици на бадниковата вечер биле преполни.

„Паметам дека во Тетово пред многу години било поинтересно, а сега нема никого“, смета еден тетовец.

Тетовци повикуваат традицијата никогаш да не згасне, и секоја година сплотени и весели да го дочекуваат Христовото раѓање.

„Оваа традиција во Тетово засега се сведува на прослави по маалата и маскенбали по кафулињата. Сето ова со мало залагање може да прерасне во голем карневал какви што ги има во другите градови во Македонија и во светот“.

Автор: Зоран Јованоски

Снимател: Даниел Евросимоски