СП Катар 2015

2 бода се два бода

18.01.2015 13:15

Според Мојсовски натпреварот против Босна и Херцеговина е сет-топка за нашата репрезентација за дефинитивна потврда на осминафиналето, но за да се забележи успех ќе треба да се повтори најмалку играта од натпреварот против Тунис...

За нашиот репрезентативен бек наумче Мојсовски нема дилеми:„ Два бода се два бода,тоа е најважно по натпреварот против Иран од кој треба да извлечеме поуки и да не дозволиме да ни се повтори таков натпревар“.

Според Мојсовски натпреварот против Босна и Херцеговина е сет-топка за нашата репрезентација за дефинитивна потврда на осминафиналето, но за да се забележи успех ќе треба да се повтори најмалку играта од натпреварот против Тунис.

„Босна не е случајно на Светското првенство,за нив ова е прво големо натпреварување, па одиграа две различни средби на почетокот,но никако несмее да се потценат.Имаме слични репрезентации “-дополни Наумче.