СП Катар 2015
Немаме право на втора брзина
18.01.2015 13:19
Без оглед што еден од нивните најдобри ракометари Прце не е доволно подготвен и ја одложи операцијата на глуждот за да им помогне на своите соиграчи во Катар,Босна покажа дека може да одигра квалитетно...

Можеби селекцијата на дебитантот на светските првенства,Босна и Херцеговина не е на нивото на македонската селекција,но тоа незначи дека нашите ракометари имаат лесен противник во третото коло. Без оглед што еден од нивните најдобри ракометари Прце не е доволно подготвен и ја одложи операцијата на глуждот за да им помогне на своите соиграчи во Катар,Босна покажа дека може да одигра квалитетно, иако мал хендикепт им е неискуството на играње натпревари со турнирски систем.
„Тоа е можеби наша предност и како прв европски противник би требало повеќе да ни одговараат. Точно знаеме што да очекуваме од нив, но ќе треба да одиграме на максимално ниво.Впрочем, ние и немаме право против било кој противник да играме во втора брзина,зошто едноставно ние и незнаеме да играме така“-изјави селекторот Ивица Обрван кој слободниот ден на нашата репрезентација комплетно го користи за подготовка на ракометарите за натпреварот со Босна.
„Одиме ден по ден,засега е добро“-вели хрватскиот стратег на македонската клупа.
